Најдобрите работи во животот се бесплатни. На сите може да им се случи осцилација во расположението. Всушност, тоа е честа појава на која влијаат многу фактои, а стресот е еден од нив. За да го подобрите вашето расположението, психолозите даваат неколку корисни совети со кои ќе си ги проширите видиците.
Запознајте нови пријатели и слушајте ги внимателно
Кога следен пат ќе запознаете некој, слушајте внимателно што ви зборува. Понекогаш тоа може да ви го промени погледот на светот.
Направете го она што го сакате
Не чекајте да одите на одмор за да научите да пливате или посебна прилика за да почнете со изучување на некој странски јазик. Направете го тоа веднаш! Занимавањето со нови активности, дури и слушањето друг вид музика, ги освежува мозокот и телото.
Бидете први
Ако ви дозволува работо место, во петок дојдете на работа еден час порано за да излезете еден час пред вообичаеното завршување на работното време.
Одморајте
За да се опуштите вистински, потребен ви е квалитетен сон во текот на ноќта. Сепак, и попладневната дремка би можела да биде корисна за да си ја вратите физичката сила, а со тоа и да си го разбистрите умот.
Препуштете се на читањето
Времето кое ќе си го посветите на себе ќе ви донесе чувство на спокој, а читањето, па макар и да е само час или два за време на викенд, ќе ви го поправи расположението.
Извор: pink.rs