Малите Италијанци повеќе нема автоматски да го добиваат презимето на нивниот татко при раѓањето, одлучи Уставниот суд во Рим.
Досега во таа медитеранска земја на новороденото дете било задолжително да му се дава презимето на таткото доколку таткото го признал. Со заедничка пријава, мајчиното презиме можеше да се додаде на презимето на таткото и да се стави зад него.
Во Италија, жените го задржуваат презимето и по бракот, што значи дека италијанските мајки досега во повеќето случаи имаа презимиња поинакви од нивните деца.
Сепак, оваа правна норма ги прекршува членовите од италијанскиот устав, како и Европската конвенција за човекови права, се вели во пресудата на судот објавена во средата.
Родителите во иднина мора да бидат слободни да одлучат дали на своите деца ќе им дадат татково, мајчино или двојно презиме, одлучија судиите, повикувајќи ги политичарите да дејствуваат. Предлог-законот е веќе во парламентот.
Во иднина, доколку родителите не се определат изречно за презимето, детето автоматски ќе ги добива и татковското и мајчиното, а не таткото, како што беше досега.
Застапниците за промена на законот рекоа дека тоа е „историска пресуда“, „мала револуција“ и дополнителен чекор кон еднаквост меѓу мажите и жените, пренесува n1info.com