„Има малку Z земји, Русија и Србија се на чело“ – Косовска амбасадорка ја нападна Констракта за масичките – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/22 5:44 PM

„Има малку Z земји, Русија и Србија се на чело“ – Косовска амбасадорка ја нападна Констракта за масичките

Амбасадорката на Косово во САД, Влора Читаку се замеша во музиката, па  ја нападна српската претставничка за песна на Евровизија, Ана Ѓуриќ Констракта поради велигденската честитка која пејачката им ја испрати на своите фанови.

Таа на својот Твитер профил и посвети цел статус и кажа дека Србија ја поддржува Русија.

„Има многу малку „Z земји“ во светот и очигледно на чело се Русија и Србија. Тие работат според истиот прирачник и политичка филозофија“, напиша Читаку на својот Твитер профил, каде сподели твит во кој заедно со фотографијата на Констракта, тврди дека Србија ја поддржува руската операција во Украина.