Почивај во мир дедо Тодор – Почина најстариот Македонец во Австралија – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/22 8:00 PM

Почивај во мир дедо Тодор – Почина најстариот Македонец во Австралија

Денес во Мелбурн починал најстариот Македонец во Австралија.

Македонците во Австралија на социјалните мрежи се збогуваа со него со многу пофални зборови.

-На 102 години почина најстариот македонец во Австралија – Тодор Јовановски, кој е татко на десет деца и многу внуци и правнуци. Јовановски е роден 20 јануари 1920 во Средно Егри – Битолско.
Учествувал во многу војски во својот живот. Во Австралија се доселил на крајот 1968 година во Мелбурн, вели Ставрески и додава:

– До својата 100 година од својот живот возеше точак и беше многу фит човек, редовно правеше фискултура. И се гордееше на себе, јадеше органска храна од својата градина, која сам ја одгледувал. Имаше свој автомобил и возеше до својата 101 година што е за пофалба. Беше љубител на песната и голема утеха за него беше музиката. Ретко на кого тоа му се случило ама на Тодор и до ден денес сите деца му се живи. За својот 100ти роденден се возеше со хелиптер. Беше позитивен и дружељубив,  ретко кога ќе сретне човек а да не си попраеше муабет. Беше весел човек. Нека почива во мир, велат нашинците.