Доделени наградите „Златно тркало 2022“ за најпосакувани автомобили – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/22 3:02 PM

Доделени наградите „Златно тркало 2022“ за најпосакувани автомобили

Вчера вечерта се одржа изборот „Златно тркало“, во  кое  учествуваа 16 врвни автомобили, кои креираа повеќе од 12.000 гласања, коишто ги одредија најпосакуваните во вкупно пет категории.

Златните статуетки беа доделени на петте најпосакувани автомобили, односно:
1. Најпосакуван градски автомобил – Peugeot 308,
2. Најпосакуван семеен автомобил – Kia Sportage,


3. Најпосакуван електрифициран автомобил – Volkswagen ID.4,
4. Најпосакуван премиум автомобил – Porsche Taycan Cross Turismo,
5. Најпосакуван автомобил во Македонија – Volkswagen ID.4.

Љубителите на автомобили во Македонија со своите гласови веќе трета година по ред го издвојуваат најпосакуваното во автомобилската индустрија, притоа препознавајќи го најдоброто помеѓу достапните нови автомобилски модели во земјата, иако индустријата е оптеретена со недостаток на возила за продажба, како резултат на глобалната криза.

Фото: Вангел Тануровски