Кој е кој, што е што во пирамидата ТВ24? – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/22 1:57 PM

Кој е кој, што е што во пирамидата ТВ24?

ТВ 24 по петти пат од АВМУ бара дозвола за телевизиско емитување преку дигитален терестријален мултиплекс, односно за национално емитување, наместо сегашното преку кабелски оператор. Оваа телевизија има четири негативни одговори, откако претходно АВМУ четири пати нарачувала Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување. За таа намена за четирите студии, Агенцијата платила близу 19.500 евра. На седницата на Советот на АВМУ на 21 февруари, нарачана е нова ваква Студија.
Добивањето на националната апликација ќе значи делење на рекламниот колач со останатите пет телевизии, кои заедно земаат две третини од буџетите за медиско рекламирање. Оттука е веројатно упорноста на ТВ 24.
Во меѓувреме, додека се изјасни АВМУ потсетуваме на наодите и сомневањата за поврзаност, односно медиумска концентрација со фирмите на Роберт Димитров преку порано објавеното истражување „Балканска медиумска индустрија – Mакедонски ендемски вид“, објавено во април 2018 година. Ова истражување го објавуваме во повеќе делови:

Петти дел  

Кој е кој во пирамидата на ТВ 24? Погледнете во слајдот:

 

Со што се роди 24 Вести?

Во 2007 година, тогашниот  Совет за радиодифузија (сегашна ААВМУ) на чело со Зоран Стефановски и раководителот на Координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост, Мите Костов, побараа од концесионерите за кабелска телевизија да го регулираат авторското право, односно да им платат на домашните радиодифузери, со што треба да ги изедначат со странските канали.

Кабелските оператори беа должни да склучат договор со Здружението АПЕММ, како застапник на радиските и телевизиските права. Во тоа време се претпоставуваше дека има 100.000 претплатници на кабелските оператори. Сегашна информација  е дека се работи  од 460.000 до 500.000 претплатници за сите кабелски оператори вкупно. Тогаш АПЕММ бараше надоместок од 1 германска марка за домашните канали за нивно вклучување во пакетот на кабелските оператори, на име авторски права за кабелско реемитување.

Преговарач беше  СИЗ “МК НЕТ”, претворена од Лидија Голубова, Роби Инженеринг и Владо Милановиќ , кои правеа се’, само не дојде до регулирање на правата,  да продолжат да пиратат на сметка на домашните радиодифузери.

Мотивот да се избегне плаќањето не беа само авторски права. Транспарентноста на бројот на приклучоци значеше и плаќање на 1 евро за мониторинг на СРД и АЕК, а секако и ДДВ од 18 %, што како вкупен износ на наплаќање значеше огромна сума на добивка за кабелските оператори. Тоа значеше богатење на кабелските оператори, кои наидоа на симпатична сива зона на наплаќање обврски кон државата.

Овие правни преговори завршија со обид за убиство на претседателот на АПЕММ, Горан Гаврилов, кој беше главен преговарач во името на сите македонски медиуми.

Ова прашање на авторските права и нивната кражба остана отворено до ден денешен.  ТВ Сител, од некои чудни мотиви, со кабелските оператори потпиша договор за бесплатно емитување, со што пропадна и сојузништвото на националните телевизии, кои изгубија приход од авторски права.

Сега прашањето се враќа назад, бидејќи ЕУ, ОБСЕ и Советот на Европа бараат од Македонија да бидат строго почитувани авторските права, колективни и поединечни.

На оваа тема се одржа конференција на 23.06.2017 година,  во организација на МИМ во Скопје.

Линк од видеото:https://www.facebook.com/Macedonian.Institute.for.Media/videos/1579301375448190/

На оваа конференција беше презентирано хрватското и словенечкото искуство, кое кажува дека 17% од приходот на телевизиите е од авторски права. Ова со години го бараат петте македонски национални телевизии, по пример на Хрватска и Словенија.

Иван Мирчевски, директор на Канал 5 во неколку наврати го искажува револтот поради непочитување на авторските права, што државата и ААВМУ целосно го игнорираат.

-Во Македонија петте национални телевизии не добиваат ниту еден единствен цент од кабелските оператори, кои ја пренесуваат нашата програма и заработуваат од своите претплатници. Овие „инкасатори“, кои собираат пари од нашата програма, тој приход не ни го даваат. Со тоа го уриваат нашиот кревок маркетиншки пазар,- е ставот на Мирчевски.

Новата влада на СДСМ заедно со министрите Роберт Поповски и Дамјан Манчевски ги предложија измените за Законот за ААВМУ, каде што чл. 143 глава 5. за принципот must carry, стои дека кабелските оператори мора да ги реемитуваат националните телевизии и радија, врз основа на договор, што ќе регулира плаќање за авторски права.

На јавната расправа за законските измени одржана на 20-ти Ноември, министерот Дамјан Манчевски потврди дека овој член ќе остане.

Кој си ја има мувата на капата, кој се јави за збор?

Лидија Голубова на јавната расправа се претстави како правен застапник на ТВ 24 ВЕСТИ и кабелската телевизија Роби, што предизвика реакција кај присутните, затоа што не се крие дека тие се еден субјект, а таа ги претставува двете.

Барањата беа во колизија едни со други, со најчест конфликт на интерес, при што едно бара за телевизијата, а спротивното за кабелскиот оператор.

Клучното барање на Голубова е да не се изгласа членот 143, ставот за must carry, за почитување на авторските права.

Голубова рече дека би сакала да остане како што е, а телевизијата и’ служи како одбрана на главнот бизнис на Роби. Ништо ново, исто како во деведесетите на минатиот век.

Која е намерата и кој е националниот интерес на државата да ги фаворизира петте национални телевизии коишто емитуваат програмски содржини  од општи формат преку дигитален теристријален мултиплекс. Прашањето е зошто одредени телевизии коишто емитуваат квизови, турски серии, кујни се од национален интерес, а не телевизии коишто од едукативен карактер, рече Голубова.

Линк од видеото на Голубова – https://youtu.be/ewBdBhy9uGk

Која е Лидија Голубова?

Правничката Лидија Голубова во телекомуникациите влегува преку здружението на кабелските оператори –  СИЗ “МК НЕТ”, кое ги обединува сите кабелски оператори, вклучувајќи ја и Роби Телекабел. Роберт Димитров и’ овозможува работно место на Голубова како застапник на здружението. Следи надгласување на Димитров во здружението и доаѓа нов директор. Се формираат уште две паралелни здруженија – едно што ги обединува кабелските оператори на Источна Македонија и едно за Западна Македонија. Голубова го води здружението во Источна Македонија. Димитров и неговата кабелска телевизија Роби, остануваат сами против сите. Овој раскол меѓу кабелските оператори се одразува и врз ТВ 24 ВЕСТИ. Поради јавната тајна за сопствеништвото и поврзаноста на Роби, до неодамна поголемиот дел од кабелските оператори одбиваа да ја емитуваат ТВ 24 ВЕСТИ. Од Асоцијацијата на кабелски оператори Мактелко од Западна Македонија потврдија дека до скоро не ја емитувале ТВ 24 ВЕСТИ, бидејќи знаеле чија е.

Од друга страна, за да ја намали конкуренцијата на ТВ 24 ВЕСТИ, Роби не емитува некои од македонските телевизии. Вклучувањето во пакет телевизии, Роби го условува со плаќање, додека другите кабелски оператори емитуваат бесплатно, знаејќи дека е тоа законска обврска. Роби има своја политика на ограничување на конкуренција и индиректно финансирање на својата телевизија од приход од реемитување на други македонски телевизии. ТВ Нова на Сеад Кочан склучи годишен договор за реемитување со Роби во износ од 50.000 евра! Истата сума Роби ја бара и од ТВ 21, чии сопственици одбиваат да платат толку голем износ. Оваа телевизија има ограничено реемитување на територијата на РМ, иако има национална дозвола, одбивајќи го рекетот од Роби. Ова условување предизвикува турбуленции во новата владина македонско – албанска коалиција, ставајќи ја пред нов предизвик.

Од овие причини законодавецот, забранил кабелски оператор да има радиодифузна организација, со цел да го избегне овој страшен конфликт на интерес.

Токму непочитувањето на законот во делот на авторските права и нереагирањето од страна на ААВМУ и државата им овозможија на кабелските оператори недозволено богатење. Имено, според законот, кабелските оператори се должни да го регулираат плаќањето радиодифузерите надоместок за авторско право, за кабелско реемитување, тие што ги емитуваат во програмскиот пакет. За нерегулирани обврски во од почетокот на 2007 година до 2017 година, Роби за десет години неплаќање на авторски права на националните радиодифузери, се има збогатено со претпоставена пресметка (со калкулација на АПЕММ) 8.000.000 (осум милиони) Евра, Телекабел и кабелските оператори, не вклучувајќи ги и делот на мониторинг делот на АЕК и ААВМУ и 18% ДДВ за државата.

Продолжува…

Новинарски тим на Канал 77