Незадоволните граѓани фрлаа со домати реизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон за време на посетата на Сергиус, предградие на Париз.
Инцидентот се случил додека Макрон разговарал со граѓаните.
🇫🇷 FLASH – Emmanuel Macron a été ciblé par un jet de tomates à #Cergy, lors de son premier déplacement depuis sa réélection. (BFMTV) pic.twitter.com/xUHL8ElmVs
— Mediavenir (@Mediavenir) April 27, 2022
Како што може да се види на видеото, кон Макрон полетале неколку парчиња домати, поради што неговото обезбедување морало да реагира.
Отвориле чадори за да го заштитат претседателот, а настанала гужва.
Да потсетиме, Макрон во неделата го освои вториот мандат за претседател на Франција, откако во вториот круг од изборите ја победи Марин Ле Пен.