(фото) Игор Дурловски во кафез – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/22 1:35 PM

(фото) Игор Дурловски во кафез

Оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од учесниците во упадот во Собранието на 27 април, изведе свој перформанс додека седи во кафез пред влезот на институцијата, со истакнат транспарент: „Молчењето е зла(О)то“. Дурловски, седнат на столче во кафезот, преку устата има излепен фластер.

Дурловски учествуваше во протестите што секојдневно се случуваа пред Собранието во 2017 година, како и во упадот. Му се судеше заедно со групата што сега е во затвор, но беше ослободен од обвинение.

Денеска се навршуваат пет години од упадот во Собранието, кога од толпа луѓе кои влегоа внатре беа нападнати пратеници, политичари, новинари. 16 од напаѓачите се осудени и издржуваат казна затвор.