Внимавајте! Социјалните мрежи преполни со лажни огласи за евтино сместување во Грција – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/22 12:01 PM

Внимавајте! Социјалните мрежи преполни со лажни огласи за евтино сместување во Грција

На Фејсбук групата „Грција инфо“ се појави предупредување за сите туристи кои планираат одмор оваа држава.

Измамниците нудат сместување во Грција на различни групи на социјалните мрежи, меѓутоа, фотографиите се од непостоечки објекти, преземени од некаде на интернет. Нудејќи сместување кое практично не постои, земаат депозит со доказ за лажни фотографии, а потоа исчезнуваат без трага.

„Не резервирајте сместување во Грција преку разни профили на Инстаграм, Фејсбук групи или новоформирани страници кои се намножија во последните години, во кои поединци ги нудат своите станови во Грција, преку разни огласи или преку луѓе кои го рекламираат своето сместување во различни групи, а кои не ги знаеш лично“, стои како предупредување.

Фотографии од лажни станови биле испратени до заинтересирани гости преку Whatsapp и Вибер во Црна Гора на 15 метри од плажа по цена од 23 евра за 5 лица. За жал, поединци наседнале на оваа измама и се финансиски оштетени“, се пренесуваат искуствата на  туристи.

Примерите за такви измами и обиди не завршуваат тука. Љубители на Грција се сетија на уште една ваква измама.

Извесен Слаѓан (најверојатно измислено име) симнал слики од непознат хотел со базен во Пефкохори (кој го нема во Пефкохори) и објавил по многу поволна цена сред сезона,  а семејство авансно му платил сума од неколку стотици евра за целиот одмор“.

Вака не биле измамени само туристи од Србија, слични случаи има и во Македонија, а се споменуваат и случаи на кражби на пари за оние кои сакаат да одат на одмор во Египет.
„МТ од Гостивар информираше за измамата што ја доживеале три семејства од Македонија во август. На една од групите на Фејсбук им било ветено сместување во хотел во Паралија со базен и посредници им праќале слики од хотелот. МТ платил 250 евра на посредници,  додека останатите семејства платиле 200 евра, а се е договорено преку пораки на Фејсбук.Кога дошле во Паралија во август, немало маж кој требало да ги чека по претходен договор, а хотелот во кој требало да го поминат летото не знаел ништо за нивните исплати.

Затоа не резервирајте сместување во Грција преку Фејсбук групи или профили на Инстаграм! Не склучувајте договори и не плаќајте го вашиот одмор на ваков начин.

Групите и профилите на социјалните мрежи може да се креираат буквално за неколку минути, а со еден клик исто така може да се исклучи. Никогаш не може со сигурност да се знаете кој стои зад Фејсбук профилот на сместување во Грција, па социјалните мрежи станаа мамка за многу измамници.