Пејачката што веќе две години ги отвора шоуата на својот малку попопуларен колега и пријател Ед Ширан е носталгична по ерата пред друштвените мрежи.
Ен Мари за порталот „Ролинг Стоун“ така го објаснува својот ретро-моден стил, како и нејзиниот релативно нов хит „2002″, каде што таа вметнува стихови од Бритни Спирс, Ен-Синк и Џеј Зи.
Дел од нејзините секојдневни модни додатоци се мали кругли очила, бунтовнички чорапи, јакна од Фиренца, мастики за огромни балони (коишто постојано „ја враќаат во детството“) и секако, Балансиега патики што чинат 895 долари.
– Тие се најскапото нешто што сум го купила, вели Ен.