Динамичното секојдневие носи низа проблеми. Се чини дека време за себе немаме, а кога нашите блиски ќе забележат дека имаме проблем, им ветуваме дека ќе поразговараме со некој, ќе отидеме на краток одмор, ќе прочитаме книга, но сите знаеме дека треба да помине долго време додека не се случи нешто од ова. Грижите околу студиите, работата, децата и финансиите прават сите други работи да ги „ставиме под тепих“, а да немаме време за себе.
Со текот на времето ни паѓа имунитетот, почнуваме често да се разболуваме, лоше спиеме и стануваме изиритирани со ситници кои претходно не сме ги забележувале, а оброците ги прескокнуваме. Причина за сето ова е стресот, а природата ни дава одлични решенија за да го ублажиме:
Чај од валеријана
Овој чај може да биде добар сојузник кога сакате да се смирите. Се работи за билка која најчесто се користи како етерично масло или чај, а најчесто се користи за подобар сон. Коренот од валеријана претставува природен антидепресив, добар е за смирување на анксиозноста, стресот и нервозата. Чајот од коренот на валеријаната може да помогне за подобар сон, ја подобрува концентрацијата и го намалува високиот крвен притисок.
Камилица
Чајот од камилица е природен лек за смирување и веројатно како таков е еден од најпознатите на нашите простори. Камилицата има специфичен мирис и вкус, а богата е и со антиоксиданси. Токму овие состојки се важни за ослободување од слободните радикали од нашето тело, кои пак, предизвикуваат инфекции и други здравствени проблеми. Камилицата влијае на адреналинот и серотонинот. Придонесува за подобрување на сонот и ги намалува грчевите кај жените. Камилицата може да се користи како чај, или како етерично масло.
Матичен млеч
Матичниот млеч важи за златно течно богатство и е еден од најдобрите начини за зајакнување на имунитетот. Тој е одличен природен лек за смирување. Со векови се користи за намалување на ризикот од воспаление поради високото ниво на Б витаминот и дури 23 видови аминокиселини кои спречуваат појава на бактерии и вируси. Освен што има антибактериски ефект, матичниот млеч ја подобрува концентрацијата, го подобрува сонот, а ги намалува нервозата и стресот. Делува како антидепресив и ја регулира појавата на јаки емоции. Со него се регулира шеќерот во крвта и се намалува крвниот притисок. Освен тоа, го подобрува нивото на енергија, а може да се користи во облик на прав, сируп или капсули.
Лаванда
Етеричното масло од лаванда, сушената лаванда или чајот од лаванда може да бидат одличен природен лек за смирување. Лавандата помага за опуштање и подобрување на расположението. Го регулира нервниот систем и го поттикнува смирувањето, а може и да ја намали болката. Поради своите антибактериски својства, таа се користи за подобрување на имунитетот, намалување на болките и други физички потешкотии.
Извор: srecna.republika.rs