Речиси еден ден се гаснеше пожарот кој избувна вчера пред 9 часот во атарите на селата Радичево и Дукатино во Општина Василево. Огнот зафати 20 хектари нискостеблеста шума, кој со напори на пожарникарите и екипите на ЦУК и ЈП „Национални шуми” -Струмица не се прошири кон селото Дукатино, кон каде се движеше. Силниот ветер вчера пожарот го прошири и зафати нискостеблеста шума на тешко пристапен терен.
-Пожарот е локализиран и е под контрола на дежурни екипи. Засега пожарот е под контрола и е локализиран, но заради претпазливост екипите внимаваат да не дојде до повторно избувнување, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.