„Ќе платите кеш или со картица“ – Ова прашање на келнерите во Србија веќе е забрането – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/22 9:06 AM

„Ќе платите кеш или со картица“ – Ова прашање на келнерите во Србија веќе е забрането

Од 1 мај годинава ќе биде пуштен во употреба нов систем за е-фискализација, каде што фактурата ќе може да се скенира преку QR код – за да се утврди дали е валидна.

-И уште нешто, граѓаните подобро да разберат. Веќе нема потреба некој во ресторанот да ве праша дали сакате да платите во готово или со картичка; затоа, на вас, господа, останува да ми дадете сметка. А како ќе платам зависи од мене – рекол Синиша Мали, информира телеграф.рс.

Тој додава дека со тоа се намалува можноста за „даночно затајување преку некој дупликат софтвер“.

Доколку келнерот, пак, ви го постави тоа „фамозно прашање“, министерот за финансии вели дека нема право на тоа.
„Немате право да ме прашувате тоа, ве молам да ми дадете фискална сметка, а јас (врз основа на тоа колку чини сето тоа) ќе одлучам како ќе платам“, е одговорот што може да го даде клиентот, вели Мали. и додава дека ова е „голема промена во Србија“.

Од 1 мај ќе стартуваат и е-фактурите, потсетува министерот.