Пејачката Мадона и дечко и Аламалик Вилијамс раскинаа по четири години врска.
Мадона (63) и Аламалик (28) се во врска од 2018 година, а се запознале на нејзината турнеја каде Вилијамс беше дел од танцовиот тим.
Причината за раскинувањето не била разликата од неверојатни 35 години, туку фактот дека Мадона и Аламалик дури и за време на карантинот се оддалечија и се „смачија“ еден со друг, бидејќи живееја заедно. Танчерот веќе се иселил од домот на пејачката.
View this post on Instagram
Американските медиуми пишуваат дека Мадона го потврдила раскинувањето со мистериозна порака на Инстаграм, кога спомнала карма и Бог.
„Кармата вели, кога некој во животот не е добар за тебе, Бог повторно и повторно ќе го користи за да те повреди, додека не собереш сила да го оставиш“, напишала кралицата на попот.