Најавија протест па се предомислија: Судиите сепак нема да протестираат задутре – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/22 4:40 PM

Најавија протест па се предомислија: Судиите сепак нема да протестираат задутре

Се пролонгира предупредувачкиот протест кој беше најавен за 28 април – соопштија денеска од Здружението на судии. Од Здружението велат дека се одлучиле на ваков чекор затоа што од Владата се преземени конкретни чекори, што се однесуваат на веќе договорените Измени на Законот за платите на судиите, а во однос на зголемувањето на коефициентот за пресметка на платите на судиите од 15 отсто.

Од таму додаваат дека очекуваат овие измени во најкраток можен рок да бидат усвоени од страна на Собранието.

– Управниот одбор и понатаму ќе го следи процесот на реализација на веќе договорените прашања со Владата на РСМ и целосна имплементација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите, за што, во секое време ќе ги активира сите расположливи правни и останати механизми до целосно остварување на зацртаните определби – велат од Здружението на судии.