На жена од Велс целото лице ѝ е истетовирано: „Понекогаш се тетовирам и по два пати неделно“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/22 3:28 PM

На жена од Велс целото лице ѝ е истетовирано: „Понекогаш се тетовирам и по два пати неделно“

Четириесет и петгодишната, Мелиса Слоан од Велс е мајка на седум деца и таа има низа тетоважи, од кои голем дел се на нејзиното лице.

Лицето на Мелиса е прекриено со тетоважи со срциња и рози. Првата тетоважа ја направила кога имала 20 години, а веќе има толку многу што не им го знае бројот.  Но највеќе внимание како што вели таа, привлекуваат сепак тетоважите на лицето. Родителите на другите деца во училиштето на неа покажуваат со прст и ја озборуваат, а вели дека лоши коментари добива и на социјалните мрежи.

„Каде и да се појавам секогаш има некаква драма. Тоа може да биде каде било, на улица, во продавница, луѓето секогаш ме гледаат. Некои ги фалат моите тетоважи. Некои ме прашуваат зошто имам толку многу, ме гледаат чудно и ме прашуваат што правам од себе“, раскажала таа.

Таа споделила и што мисли нејзиното семејство за тетоважите.

„Имам седум деца, повеќето од нив мислат дека се супер. А мојата мајка секогаш ми велеше дека морам да сум своја, па токму тоа и го правам“, додала таа.

Мелиса изјавила дека првите тетоважи и’ ги направиле професионалци, но сега ја тетовира нејзиниот партнер во домашни услови, некогаш и два пати неделно.

 

Извор: index.hr