Македонскиот актер, пејач и шоумен, Игор Џамбазов им се налути на „кафанџиите“, поточно на газдите кои за многу повеќе пари ангажираат разно разни пшејачки од Балкан.
-Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (и со букви ПЕТ) пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи, ич да не ме бараат за настап со мојот бенд. За вас дечки сум недостапен…дур сум жив. Идемо садаааа….Балкан гориииии….“, објави Џамбазов и напиша „Назад во реланоста“, напиша Игор на своите профили на Социјалн ите мрежи.
Игор за ова доби поддршка не само од колеги, туку и од многу љубоители на ноќниот живот, живите свирки и македонските артисти.