„Македонија мора да биде членка на НАТО, за некој може е дрматично, но за мене релано“, изјави поранешниот вицепремиер и министер за здравство Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став за референдумот и како го коментира ставот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Мојот став е дека јас на овој референдум ќе излезам и ќе гласам „ЗА“ ЕУ и НАТО, а против договорот“, вели Тодоров.
Според Тодоров, ВМРО ДПМНЕ не семее да бојкотира, затоа што мораат да бидат силно мнозинство.
„По мене ВМРО ДПМНЕ не смее да бојкотира. А знаете зошто? – Затоа што ВМРО ДПМНЕ не смее да биде мала гласна група на граѓани со чиста мисла кои се контаминирани со лажици фекалии. ВМРО ДПМНЕ мора да биде силно мнозинство и затоа не може да си дозволи ВМРО ДПМНЕ да бојкотира“, изјави Тодоров.
Би бил не козистентен ако не излезе на референдумот, вели Тодоров затоа што сигурен е дека медиумите ќе најдат изјави во кои вели дека НАТО и ЕУ мора да поминат на референдум. Тодоров изјави дека нема никаква фунnкција повеќе во ВМРО ДПМНЕ и дека овој став го има како човек, како Никола Тодоров. Но чувствувал дека е момент кога не смее да молчи поради одговорноста која што ја имал во оваа држава. И уште еднаш го потенцираше неговиот став поради лажните вести кои беа пуштени во јавноста.
„Ставот ќе го повторам уште еднаш заради лажните вести, и заради тие кои веќе ме направија мета. На овој референдум ќе излезам да гласам против договорот, а за ЕУ и НАТО, вака се надевам е појасно“, вели Никола Тодоров.
Исто така смета дека неговиот став може да му помогне и на ВМРО ДПМНЕ и смета дека не е спротивен од нивниот бидејќи тие велат народот да одлучи како сака, па и затоа Тодоров има свој став.