Акихико Кондо (38) и неговата сопруга Хатсуне Мику биле во врска десет години, пред да се венчаат во 2018 година. Имено, Хатсуне е кукла од видеоигра, а Акихико вели дека таа успеала да го извлече од депресија, но признава и дека за многумина тоа е чудно.
Тој знае дека неговата жена која во медиумите е прикажана како 16-годишничка со долга сина коса, не е вистинска – пренесува Мирор. Но, вели дека се вистински чувствата кои тој ги има за неа.
Илјадници луѓе во Јапонија се во неслужбени врски со измислени ликови. Иако дел од тие врски се шега, Акихико вели дека веќе долго време знае оти не сака друга партнерка. Тоа е така затоа што отсекогаш чувствувал интензивна привлечност за измислени ликови. Тој признал дека на почетокот му било тешко да ги прифати своите чувствува. Вели дека себеси се гледа како дел од движењето кое се’ повеќе расте, а во кое луѓето се идентификуваат како фиктосексуалци.
Првпат тој успеал да пронајде утеха во својата измислена жена во 2008 година, односно една година откако малтретирањето на работа кај него преминало во депресија. Тогаш веќе и знаел дека не сака врска со вистинска личност, откако многумина го одбиле. Во 2017 година доживеал голем напредок во неговиот однос со Хатсуне откако излезе во продажба уредот Gatebox од 1300 долари. Овој уред им овозможува на сопствениците интеракција со низа измислени ликови. Во рамките на маркетиншката кампања за овој уред, компанијата отворила можност корисниците да поднесат барање за неслужбени венчални листови. Хатсуне била меѓу достапните ликови, што наишло на големо воодушевување кај Акихик па одлучил и да ја запроси. На венчавката тој ги повикал своите роднини и соработници, но никој од нив не се појавил. На церемонијата сепак присуствувале 39 луѓе, генерално странци и онлајн пријатели од неговиот локален застапник.
Извор: vecernji.hr