„Зелената книга“ ја освои Наградата од публиката во Торонто – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/18 10:30 AM

„Зелената книга“ ја освои Наградата од публиката во Торонто

Филмот „Зелената книга“ на режисерот Питер Фарели ја освои главната Награда од публиката на Филмскиот фестивал во Торонто.

– Лошиот перформанс на Виго Мортенсен и Махерсала Али како композитор полиглот можеби ја прават приказната уникатна и сепак таа се развива како што очекувате, со еден огромен пресврт, напиша критичарот Питер Дебриж за Варајети.

Торонто наградата за канадски филм отиде кај „Патиштата во февруари“, а Наградата за најдобар канадски филм – кај „Светулките исчезнаа“ на Себастијан Пилот. Наградата за најдобар краток филм ја зедоа авторите на „Полето“.

Последниве две децении, овој фестивал петпати го предвиде Оскарот.