Добро утро – оваа реченица не ја кажуваме без причина. Ако го почнеме денот на добар начин, веројатно и остатокот од денот ќе биде добар. Ако утрото го доживувате како дел од денот во кој треба да се брза и единствено ви е важно да јадете и да излезете од дома што побрзо – размислете повторно.
„Репрограмирајте“ ја вашата перцепција за утринскаите ритуали, за да може овој дел од денот да ви биде опуштен и убав.
Легнете на време
Здравото утро почнува претходната ноќ. Ако знаете дека за квалитетен одмор ви се потребни осум часа сон, легнете во кревет кога е потребно. Пресметајте кога точно би требало да легнете за да можете да спиете минимум осум часа, а телевизијата и интернетот нека не ви бидат дистракции кои ќе го одложат заспивањето.
Потрудете се да се будите без аларм
Не е природно кога ќе го слушнете звукот на алармот да се почувствувате одморено. Сите сме биле во ситуација да го одложиме алармот, дури и по неколку пати, па оваа навика нека остане во минатото.. Дали знаевте дека можете да станувате на време на природен начин и без аларм? Во текот на еден месец подесувајте го алармот да ѕвони еден час порано од потребното. Откако ќе го правите ова подолг период, ќе научите да се будите на природен начин, односно по некое време ќе почнете автоматски да се будире без аларм.
Станувајте порано
Ако знаете дека за смирено утро ви треба повеќе време, станете порано. Нема да зажалите бидејќи вашето утро нема да биде напнато.
Опкружете се со луѓето кои ги сакате
Од исклучителна важност е утрото да го почнете со позитивни емоции, а нема подобро нешто од љубовта. Пратете им некоја убава порака на вашите блиски, или читајте афирмации. Вие најдобро знаете што е добро и позитивно за вас.
Дајте си време
Кога брзаме многу често не размислуваме за грижата за себе, а тоа ја вклучува и облеката. Важно е како се чувствувате во она што го носите, бидејќи во тоа ќе го поминете целиот ден. Затоа е добро кога ќе станете да размислите што ви се допаѓа и во што би ви било најудобно.
Извор: krenizdravo.dnevnik.hr