Почина Мирчо Чуков, вокал и клавијатурист на групата „Интервали“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/22 8:38 AM

Почина Мирчо Чуков, вокал и клавијатурист на групата „Интервали“

Ненадејно на 67 години почина Мирчо Чуков, вокал и клавијатурист на групата „Интервали“.

Чуков беше и член на СДСМ, а веста за ненадејната смрт ја соопшти огранок од Ново Село.

-Изгубивме голем сопартиец, борец, а пред сѐ голем човек. Почивај во мир пријателе. Сочувство до фамилијата, стои во објавата на Фејсбук.
Групата „Интервали“ опстојува над три децении, а покрај мнобубројните песни отпеани по фестивали најпозната е „Ех, да сакаш“.
Последните години тие со настапи беа стационирани повеќе во Струмица и околнте градови.
Заедно со неговата сопруга Снежана, која е пејачка во групата и даваа знак на препознатливост.  Но, покрај овој хит зад нив се у песните „Плачела“, „Ноќта е створена за грев“, „Те молам немој“, „Дана“, „Ана“ …

За квалитетот на „Интервали“ доволно зборува реченицата: „Ако сакаш убава македонска, квалитетна музика испеана од вокалот на Жане, тогаш оди на настап на овој бенд“.

И иако низ годините се имаше впечаток дека не се толку активни, сепак, Жане за ммс.мк го рече токму спротивното.

-Не има, не дека не нема. Минатата година настапувавме на Интерфест, кој не беше покриен медиумски, немаше публика. Но, над 30 години не има, тука сме. Постојано настапуваме по локали кои преферираат жива музика. Во нашата кариера од над 30 години не сме останале еден викенд слободни.

Прочитајте го интервјуто на неговата сопруга Снежана, на нивното последно гостување на „Макфест“ дадено за ММС тука.