Хаос поради буквата „Z“ на велигденските фотографии на Констракта – Објавена масата што ќе се носи на Евросонг – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/22 7:47 PM

Хаос поради буквата „Z“ на велигденските фотографии на Констракта – Објавена масата што ќе се носи на Евросонг

Откако Србија ја избра Констракта да ја преставува земјата на евровизија коментарите не престанаа.

И да сакаше да плати токав маркетин, којзнае дали ќе биде со толкав успех.

Последно нешто што ја здрма јавноста се фотографиите, на која Констракта позира и честита Велигден. И се ќе беше вообичаено, ако некому масичките не му личеа на буквата „Z“.

Со ова српската евровизиска претставничка Ана Ѓуриќ Констракта предизвика лавина коментари на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gordan Jović (@gordan_jovic)


Фотографиите се направени како дел од официјалната кампања на РТС за Евровизија, објавена од фотографот на Радио телевизија на Србија, Гордан Јовиќ.

Таа буква Z“  не би била дискутабилна доколку ситуацијата била поинаква, меѓутоа, на почетокот на инвазијата на Украина, руската армија ја користела таа буква  Z“ и често ја истакнувала на тенковите за да се препознааѕ.

На почетокот луѓето како проблем ги гледаа масите на кои се гледат велигденските јајца и легенот на Констракта. Сепак, велигденското јајце на левата страна на Констракта ја прикажува кралицата Елизабета од Австрија, кралица на Франција.

Значи, целата сценографија нема никаква врска со Русија, ниту со нејзината сегашна инвазија на Украина.

Порталот Нова.рс дојде до фотографија од сценографијата на Констракта. Масата што ќе ја користи на настапот нема никаква врска со масата што се користи за велигденските промо фотографии – во овој поглед, таа не е во форма на  буквата „Z“.