Колку пати неделно треба да ја миеме косата за да спречиме опаѓање – ова е прашањето за кое жените ширум светот бараат одговор на Google над 150 илјади пати годишно, покажува едно британско истражување.
Секоја коса е различна, но се смета дека луѓето кои имаат сува коса треба да ја мијат еднаш до два пати неделно. Нема потреба да ја мијат повеќе од два пати неделно, бидејќи влакното кое и онака е суво ќе почне да „пука“, а косата ќе стане кршлива.
Од друга страна, оние кои имаат масна кожа, а со самото тоа и масна коса, може да ја мијат косата два до три пати неделно, или оптимално секој втор ден. Експертите велат дека пречестото миење на косата може да ја направи сувата коса уште посува.
Рамната и ретка коса има поголема веројатност за мастење, затоа оние кои имаат ретка коса се соочуваат со масен скалп. Од големо значење тука е и изборот од шампонот. Доколку веќе морате да ја миете косата секојдневно, гледајте барем да не ја шампонирате, туку само да ја измиете со вода.
Во однос на тоа, колку често жените треба да ја мијат косата, повторно се’ зависи од типот на коса.
Не треба да се претерува, бидејќи во спротивно ќе се затворат порите и ќе се појави првут.
На тенката и рамна коса и’ недостига текстура. Од друга страна, виканата коса треба да се мие помалку, околу еднаш до два пати неделно, Во овој случај може да користите и масло, за да може таа да биде помека со оглед на тоа дека дека витканата коса е склона кон оштетување.
Колку често треба мажите да ја мијат косата
Ова прашање на Google се пребарува околу 3600 пати годишно. Мажите генерално се плашат од ќелавоста. Сепак, доколку се плашите, нема проблем околу миењето.
„Честото шампонирање најверојатно нема да придонесе за ќелавост“, објаснуваат експертите.
Што е со косата која има првут?
Ова прашање во просек на Google се пребарува по 1800 пати.
„Честото миење може да ја влоши состојбата со првутот. Меѓутоа, недоволно честото миење може да предизвика чешање на скалпот, а тоа да ја влоши ситуацијата со првутот. Во овој случај треба да се користи шампон против првут два до три пати неделно, а во останатите денови да ја миете косата само со вода без шампон“, советуваат познавачите.
Извор: srecna.republika.rs