Короната го забрзува процесот на стареење: Кардиологот, Предраг Сеферовиќ објасни кога има причина за загриженост – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/22 6:00 PM

Короната го забрзува процесот на стареење: Кардиологот, Предраг Сеферовиќ објасни кога има причина за загриженост

Короната го забрзува стареењето на организмот кај луѓето кои го прележале вирусот со потешка клиничка слика. Српскиот кардиолог, Петар Сеферовиќ сподели какви проблеми може да се јават од кардиоваскуларен аспект доклку сте прележале крона и изнесе загрижувачки податоци.

„Болеста е системска, тоа веќе го сфативме. Во прашање е воспаление на белите дробови, болеста пред се’ го напаѓа респираторниот систем, но и сите останати органи. Има една многу интересна појава за која би требало да зборуваме – короната всушност, го истакнува она што е најслабо во некој организам. Тука не се работи само за срцевите болести или дијабетесот. Во еден организам кој би функционирал извонредно во следните пет, десет или дваесет години, короната може да ја најде најслабата точка. Латентниот дијабетес може да се јави како вистински, болестите на белите дробови кои се во добра состојба по прележувањето на ковид може да преминат во декомпензација, а за срцето и да не зборуваме“, изјави тој.

-Во текот на првите две години од пандемијата, вкупно се заразија повеќе од два милиони луѓе, а починаа речиси 16 илјади од нив. Но големиот број луѓе кои прележале корона, чувствуваат последици кои може да бидат катастрофални. Има многу случаи во кои, млади луѓе што прележале ковид само се „срушат“ или доживуваат некоја друга трагична епизода – вели Сеферовиќ, кој стои на чело на Европската асоцијација за срцева слабост.

„Ние многу бргу сфативме дека ова е системска болест која ги напаѓа крвните садови? Зошто умираат и млади пациенти? Затоа што добиваат тромбоза, се воспалува внатрешноста на крвните садови. Во најдобрите години тие прележуваат со корона со благи симптоми, а потоа добиваат белодробна емболија. Затоа ова е многу опасна болест и мораме да бидеме внимателни. Омикронот е поблаг сој, но ги има задржано особините од основниот вирус. За жал, имаме примери каде што млади луѓе биле во извонредна форма пред болеста, а потоа добиле шеќерна болест бидејќи биле болни од ковид“, изјави Сеферовиќ.

Тој објасни при кои симптоми има причина за загриженост:

-Краткиот здив, нетолеранција на напор се првите сигнали дека треба да се направат кардиолошки анализи. Ние препорачуваме шест недели по болеста да не се воведува претерана физичка активност, но од друга страна и недостигот на активност може да биде опасен. Морате да најдете баланс, движење се колку можее и водете грижа за себе – додаде докторот.

„Проблемот лежи во фактот што при тежок облик на ковид се забрзува нормалниот процес на стареење. Ако е ова крајот на короната тоа е добро, но не е храбрувачки тоа шо не знаеме дали е крај“, потенцира тој.

Со оглед на тоа дека доста се зборува за покачени Д димери при зараза со ковид-19, докторот вели дека анализите се клучни бидејќи тромбот никогаш не дава симптоми.

„Никој не може да знае дали има тромб, но ако Д димерите се нормални, нема шанси нешто да ве удари како гром од ведро небо“, заклучува кардиологот.

 

 

Извор: mondo.rs