Како да ги убедите децата да го сакаат зеленчукот повеќе? Популарни методи за да им „подметнете“ здрави намирници на најмалите – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/22 9:00 PM

Како да ги убедите децата да го сакаат зеленчукот повеќе? Популарни методи за да им „подметнете“ здрави намирници на најмалите

Ако се обидувате да ги наговорите децата да јадат зеленчук, тогаш сигурно знаете дека тоа е тешка мисија. Според некои податоци, девет од десет деца не јадат доволно зеленчук, а истовремено расте проблемот со фрлањето зеленчук. Научници од Вашингтон се обиделе да тестираат што најмногу влијае на прехранбените навики на децата, користејќи намирници кои најмалите најмногу ги сакаат.

Едната намирница им ја нуделе на децата како оброк, а кога им ја нуделе втората им објаснувале зошто треба да ја јадат. Кога им ја нуделе храната со речениците „благодарение на ова побрзо ќе трчаш“ или „благодарение на овошјето и зеленчукот нема да се разболуваш“, па ова се покажало како успешно. Децата во просек јаделе 14 грама повеќе од понудената „неомилена“ храна за разлика од порано – пренесува порталот The Swaddle.

Во продолжение популарни методи кои може да ги примените ако сакате вашето дете да јаде повеќе зеленчук

Зеленчуковото јадење сервирајте го без друга храна  – на пример комбинација од брокула и карфиол.

Дајте им на децата смути во кое ќе го „прикриете“ зеленчукот. Идеално е во смутито да вметнете лиснат зелен зеленчук кој нема толку интензивен вкус. На пример, комбинирајте банана, јаболко или праска, со блитва, спанаќ или кељ.

Сварете го зеленчукот, исечкајте го, па изблендирајте го за да добиете густ сос или супа. Ова може да го правите со сите видови зеленчук. На тој начин зеленчукот ќе може да го послужите како додаток на месо или палента.

Јадењата како што се полнети пиперки или сарма може да ги зачините со ситно исечкан зеленчук – морков, тиквичка или домат.

Вклучете ги децата во процесот на подготовка на храната. Ако тие одберат на пример, пиперка или краставица, подоцна ќе сакаат сами да го јадат јадењето без да им го понудите. Исто така, во подготовката на јадењето можете да им дадете за задача тие да го мијат зеленчукот. Многу поголеми се шансите дека ќе го јадат она кое самите го приготвиле.

 

Извор: 24sata.hr

Фото: Илустрација / Pixabay