Внесете ги во вашето мени и подобрете си го здравјето: Намирници за ослободување од токсините – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/22 1:04 PM

Внесете ги во вашето мени и подобрете си го здравјето: Намирници за ослободување од токсините

Конзумирањето брза храна и нездрави намирници како што се газираните сокови или мрсната храна, предизвикуваат таложење токсини во нашиот организам, а ослободувањето од нив е неопходно. Процесот на детоксикација може да се направи и по природен пат, односно со правилна исхрана може да го „исчистите“ вашето тело.

Зелен зеленчук

На листата на здрави намирници кои може да ни помогнат во ваквата цел е темно зелениот зеленчук кој на нашиот дигестивен систем му овозможува силен ефект на детоксикација. Ваквиот тип зеленчук изобилува со хлорофил кој ги врзува токсините и слободните радикали на тој начин претворајќи ги во неутрални материи. Исто така, овој зеленчук го чисти телото од тешките метали кои се насобираат во него. Хлорофилот исто така, има и антивоспалителни својства. Токму поради ова, вашата кујна треба да биде богата со спанаќ, блитва, кељ и други типови зеленчук

Цвекло

Цвеклото е многу корисн бидејќи содржи калциум, а го содржи и антиоксидансот бетаин, кој всушност е и „одговорен“ за впечатливата црвена боја.  Бетаинот ја обновува структурата на клетките и го регенерира црниот дроб, а токму тој е задолжен за детоксикација на делиот организам.

Цвеклото може да биде пржено или печено и како такво да го послужите како прилог со некое јадење, но освен тоа може да го користите и сирово во смути или салата.

Јогурт

Јогуртот е богат со пробиотици кои се исклучително важни за цревната флора, но и за нашиот имунитет. Во основа, со јогуртот внесуваме добри бактерии во нашиот организам, со што се овозможува подобро варење и исфрлање на токсините.

Кромид и лук

Кромидот и лукот содржат флавоноиди кои помагаат во создавањето глутатион, кој важи за еден од најјаките антиоксиданси. Со него црниот дрб се стимулира да произведува ензими за детокс со кои се филтрираат токсичните остатци од нашиот дигестивен тракт.

 

Извор:   telegraf.rs