Колку јајца смееме да изедеме за Велигден? Нутриционистката Бранка Мирковиќ открива каде и колку време треба да ги чувате велигденските јајца – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/22 11:15 AM

Колку јајца смееме да изедеме за Велигден? Нутриционистката Бранка Мирковиќ открива каде и колку време треба да ги чувате велигденските јајца

Денес се одбележува Велигден, најголемиот празник за сите верници од православна вероисповед. Сепак, често се полемизира околу тоа колку јајца е најздраво да изедеме за време на празникот и дали смееме да изедеме повеќе од две. Нутриционистката, Бранка Мирковиќ вели дека протеинот од белката е многу сличен на човечките протеини, додека жолчката е неправедно осудена за покачување на холестеролот.

„Интересен е феноменот на предупредување од светските нутриционисти. Никогаш не сте чуле или прочитале колку треба да јадете и дали воопшто да јадете брза и нездрава храна, но за лошото влијание на јајцата се напишани неосновани и недокажани невистини“, вели Мирковиќ за порталот Информер.

„Од јајцето се создава живот, што значи дека содржи сѐ што е неопходно, во традицијата претставува раѓање и воскреснување, па дали е навистина толку лошо? Секогаш се прашувате зошто? Па на јајцата не се заработува многу, тие се здрави, а бргу заситуваат. Две јајцасе замена за дневната просечна количина на месо. Јајцата можете лесно да ги набавите, да ги приготвите и најважно – може да го заменат кој било оброк во текот на денот. Тие може да се комбинираат со солена храна, а се ставаат и во колачи. Сепак, не се препорачува да се комбинираат со риба“, објаснува оваа нутриционистка.

Јајцата може да ги јадете на различни начини, но важно е да ја знаете својата количина во текот на денот – вели Бранка.

Според неа, јајцата може да се јадат секојдневно, најмалку 4 неделно. Тие се важни за растот и развојот на децата, а им даваат енергија и на возрасните.

Кој колку јајца смее да јаде?

Децата до претшколска возраст од едно до две јајца

Децата од прво до четврто одделение максимум две јајца дневно, а постарите до три јајца дневно

Девојките смеат да јадат по три, а момчињата по четири јајца дневно

Возрасните од две до три дневно

Повозрасните лица  најмалку две јајца неделно

Бојадисаните велигденски јајца најдобро е да се чуваат во фрижидер, а само кратко време надвор од него.  „Пукнатите“ јајца треба да се издвојат од другите и прво нив да ги искористите во рок од максимум четири дена, а целите јајца во фрижидер може да стојат до седум дена. Сварените јајца може да ги искористите и во салата, во комбинација со рукола, млад кромид и слично.

Јајцата се здрави и тие може да го заменат месото. Важно е само да не претерувате во количината, што важи и за која било друга намирница – порачува Мирковиќ.

 

Извор:   informer.rs