Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан денеска и утре е во посета на земјава по повод Медиумските денови на ЕУ и Западен Балкан.
Годинава на конференцијата ќе присуствуваат повеќе од 300 претставници на медиумите и организациите на граѓанското општество, како и креаторите на политиката од Западен Балкан и ЕУ, а целта е да се разговара за клучната улога на медиумите во процесот на пристапување, но и да да развијат предлози и активности за подобрување на состојбата на новинарите и зајакнување на независните медиуми.
Годинашнато издание се фокусира на младата генерација новинари и теми како што се економската одржливост, регионалната соработка на медиумите и професионалната обука.
Во Скопје, комесарот Хан според најавите, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска како и со лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој исто така ќе го посети и Штип.