Можеби сте забележале дека кога јадете свеж ананас имате непријатно чувство во устата, односно јазикот и непцата ве пецкаат. Ако се прашувате зошто се случува ова, одговорот лежи во фактот што ананасот содржи бромелаин, ензим кој ги разложува протеините на аминокиселини.
Кога јадете ананас, овој ензим почнува да ги разложува протеините од ткивото на јазикт, односно од заштитната слузница која го прекрива грлото и поради тоа ова тропско овошје предизвикува иритација на јазикот и грлото.
Сепак, постои едноставен начин да уживате во освежителниот вкус на ова овошје без „нус ефекти“. Се’ што треба да направите е целиот ананас накратко да го потопите во солена вода пред да го исечете, бидејќи на тој начин ќе се деактивира бромелаинот. Другата варијанта е ананасот да го јадењте со јогурт или сладолед, бидејќи така бромелаинот има други протеини „на располагање“.
Извор: informer.rs