(Видео) Чудо во Ерусалим! Благодатниот оган се спушти во храмот на Светиот гроб! – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/22 2:24 PM

(Видео) Чудо во Ерусалим! Благодатниот оган се спушти во храмот на Светиот гроб!

Во Ерусалим, во храмот на Христовиот гроб, секоја година на Велика Сабота христијаните присуствуваат на чудесното појавување на благодатниот оган, што се случи и на оваа Велика Сабота.
Ерусалимскиот патријарх со векови носи изгаснато кандило во тој храм, кое чудесно го пали благодатниот оган и тој оган го пренесува на свеќите на собраните христијани, а тие продолжуваат кон своите соседи и до нивните храмови.

Со свечената велигденска литургија во недела ќе се завршат деновите на жалост, а во недела ќе започне празникот Велигден, Христовото Воскресение од мртвите и победата на животот над смртта, со што се слави победата на животот над смртта.