(видео)Отец Јаков: Тие што сакаат промена на календарот, најмалку ги гледаме за Велигден во црква – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/22 1:45 PM

(видео)Отец Јаков: Тие што сакаат промена на календарот, најмалку ги гледаме за Велигден во црква

„Во нашата помесна црква апсолутно не сум слушнал да се дискутира или некој да зборува за тоа , ниту пак чувствуваме потреба ние од црквата да го менуваме календарот“ вели Отец Јаков коментирајќи ги барањата на некои од бизнисмените и бизнис коморите за потребата од промена на црковниот календар.

„Тоа се бизнис интереси и станува збор за профит, тогаш кога ќе бидат државните празници да има поклопување со одбележувањето во европските земји.Тука обично се разменуваат со западно-европските земји, тие паузираат, таман ќе почне да се работи, ние паузираме. Не гледам тука црковен проблем и луѓето коишто го покренуваат  решавањето  на тоа прашање , ниту ги гледаме во црква , ниту доаѓаат на Велигден во црква. Велигден за нив е апстрактен поим. Затоа за нас тоа не е некој црковен проблем и мислам дека во некое догледно време воопшто не би се занимавале за тоа во црквата,“ тврди Отец Јаков, Епископ Стобиски, Струмичка Епархија МПЦ ОА