Велипеток или „распети петок“ е најтажниот ден во христијанството.
Денес не се работи ништо, а има некои обичаи кои лугето низ годините ги прават.
За денес се вели дека не треба да се земаат игли и клинци.. Старите велат – не е добро! Се верува дека денес не треба да допирате остри предмети за да не ги „повредувате Исусовите рани“. Затоа денес не работат чевларите и кројачите.
Во некои делови се верува дека денес вештерките прават магии, па децата не смеат да излезат од дворот. Слично, се верува дека девојките кои на овој ден ќе земат цвеќе од црковната порта и ќе го стават под перницата ноќта спроти Велика Сабота, ќе го сонуваат таа што им го предодредила судбината.
Единствените кои денес се трудат се домаќинките! Веќе вапсуваат јајца.
А, без разлика дали верувате во народни приказни или не, денес треба да вапсате јајца. Нема да ви треба многу време, сигурно ќе се забавувате, а народот вели – за добро е!