Сакате лук, но се плашите дека потоа сите ќе бегаат од вас и ќе ве озборуваат.
Но, опуштете се, еве неколку начини како да уживате во јадењето лук, а потоа да не мирисате.
Листови од нане
Свежото нане има силен мирис, но не е непријатно ако џвакате неколку листови после ручекот. Има и други добри ефекти – ги смирува стомачните тегоби и го подобрува варењето.
Зелен чај
Зелениот чај ќе помогне и во отстранување на лошиот здив. Го плакне маслото од кромид што останува на јазикот или забите, а доколку не сте љубител на зелениот чај земете го чајот од нане.
Лимонада
Свеж лимон исцеден во вода без додаден шеќер е одличен за отстранување на мирисот на кромидот. Доколку при рака имате непрскан лимон, пожелно е да изрендате малку кора во лимонадата, па ефектот ќе биде подобар.
Магдонос
Зелените листови имаат силна и свежа арома, а нивната интензивна зелена боја, која укажува на изобилство на хлорофил, е најдобриот природен борец против лошиот здив. Има и антибактериски својства.
Јаболка
Јаболката се најдобри пријатели на оралното здравје бидејќи ги чистат забите и го освежуваат здивот. Експертите тврдат дека сите намирници кои имаат висока содржина на влакна добро делуваат против непријатниот мирис.
Четки во рака
Покрај наведените намирници, за да го отстраните мирисот на лук, задолжително измијте ги забите, исчистете ги со конец и исплакнете ја устата со специјална вода. На тој начин ќе бидете сигурни дека од лукот останува само неговото позитивно влијание врз здравјето, додека единствената негативна нуспојава – непријатниот мирис – е отстранета.
Фото: freepik.com