Велики петок е ден најтешкиот ден во годината. Сите ги посетуваат соборните храмови и цркви, да се протнат, да се помолат и да запалат свеќи за здравје, мир, љубов, спокој на душата.
Од пандемијата некако се ослободуваме, ги тргнавме маските, но немирот во душата од неизвесната иднина сите го чувствуваат.
Такво беше и расположението денес во скопските божји храмови „Св. Троица“ и „Пресвета Богородица“, каде верници во колона тивко си го чекаат својот ред за да си ги искажат молитвите.
И додека чекаа во редици си разговараа:
„Да има мир и спокој“, „Децата да имаат среќна иднина“, „Да бидеме живи и здрави“ се само дел од пораките што меѓу себе си ги кажуваа верниците.
Среќни, весели и со полно срце надеж за поубаво утро се протнуваа во пресрет на големиот христијански празник Велигден. Сите оставаа вапсани јајца, но за кршење ќе се почека до утре вечер кога сите заедно покрај убавите желби ќе си речеме:
„Христос Воскресна. Навистина Воскресна.“
Весна Миленковска
Фото: Вангел Тануровски
(Децата се фотографирани со дозвола на родителите)