Пазарџиите од Бит пазар со пиперки и патлиџани имаат повеќе чесност од вашите судски одлуки, вели Боки 13 по денешните пресуди – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/22 10:17 PM

Пазарџиите од Бит пазар со пиперки и патлиџани имаат повеќе чесност од вашите судски одлуки, вели Боки 13 по денешните пресуди

„Хаха хаха хаха хаха…  Денешната пресуда, да не беше судска трагедија, навистина ќе беше прав театар комедија, напиша Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 откако денес се објавија пресудите на Никола Груевски, Сашо Мијалков и Орце Камчев.
-Бит пазар е комшиски поврзан со Основен кривичен суд Скопје 1 и Обвинетелството на Русковска, но не само комшиски, туку и суштински, бидејки вакво апла пазарење, нема ни на Бит пазар, во смисла на изречените смешни казни од по 1-на година и условни казни… ( тоа е, кога ти е Русковска жирант и кога од нејзе чекаш гаранции, си добиваш 1 година која никогаш нема да ја лежиш )
Пазарџиите од Бит пазар со своте пиперки и патлиџани имаат повеќе чесност и интегритет од вашите дипломи и судски одлуки! Битно мене лупни ме 9 години, па пак лупни ме 9 години без ниеден доказ, на рекла-кажала со милион повреди на постапките и судот го обели лицето на правдата со мене ( жално и трагично )… а, бе како не ви е срам до толку да се брукате не ми е јасно,, напиша Боки 13 и додаде:
-Ееее, да ви предложам нешто, поради тоа што многу сакате мене да ме обвинувате и судите без докази и да ми изрекувате казни надвор од здрав разум, од ракав и омраза, дајте мене осудете ме на уште една казна затвор за сите криминали на Камчев во случајот Империја, за да го спасиме Камчев, греота е, па нели тоа е крајната цел на сите организирани структури на целиов циркуз ( случај Рекет за спас на Камчев ), мене осудете ме и за Империја, барем поштедете не од оваа брука и мизерија која ја вреѓа интелегенцијата на секој од нас…  Оној судијана претпоставувам дека фатил ларингит, поради предолгото читање на се она што сториле обвинетите, објаснувајќи ја таа финансиска шизофренија на Камчев, за на крајот, демек да ги казни… единствено на крајот фалеше да им се извини, заблагодари за вниманието и да им даде црвено велигденско јајце, вели Јовановски.
На крајот Боки 13 напиша:
-Велат дека судијава бил дете на Кацарска, примен како судија додека таа била претседател… јасно како бел ден! За многу години Велики Четврток на сите верници, на крајот Господ ги суди сите овоземски неправди како оваа денешнава, напиша тој