Велика Британија во рамки на последното проширување на списокот санкции против Москва забрани увоз на кавијар и други луксузни производи од Русија
Забраната за увоз е проширена и на среброто и производите од дрво, додека за 35 проценти се зголемуваат царинските давачки за дијамантите и гумата увезени од Русија и Белорусија.
„Ја користиме секоја можност да го засилиме притисокот за изолирање на руската економија, овие мерки само значат дополнително затегнување на завртките, затворајќи ги начините за остварување профит за воената машинерија на Владимир Путин“, изјави британската секретарка за меѓународна трговија Ен-Мари Тревелјан.
МИА