Обвинителката Стефанова незадоволна од казните за Груевски и Мијалков во „Плацеви на Водно“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/22 4:21 PM

Обвинителката Стефанова незадоволна од казните за Груевски и Мијалков во „Плацеви на Водно“

Дел од казните кои беа изречени денеска во предметот „Плацеви на Водно“ се правилно одмерени, за дел од казните ќе чекаме да ја добиеме писмената пресуда и ќе одлучиме дали ќе вложиме жалба – изјави денеска обвинителката, Лиле Стефанова.

По изрекувањето на пресудата, таа рече дека бара поголеми казни за обвинетите Никола Груевски и Сашо Мијалков кои денеска беа осудени на седум години затвор, односно на една година и три месеци затвор. Сепак, Стефанова потенцираше дека ќе се произнесат откако ќе ја добијат писмено изработената пресуда.

-Во целост се потврди тезата на Обвинителството дека обвинетиот Груевски и останатите обвинети го сториле кривичното дело „перење пари“, а обвинетиот Груевски го сторил и кривичното дело „противправно стекнување имот“. Обвинителството во овој случај понуди квалитетни докази. Во однос на обвинетиот никола Груевски се покажа дека додека бил премиер дејствувал коруптивно, стекнувал имот чие потекло не го пријавил во својот анкетен лист, а во 2012 година со сложена шема за себе купил имот во Македонија со незаконски стекнати парични средства – додаде обвинителката Стефанова која го водеше овој случај.

Седум години затвор за Груевски, една за Камчев, а една и три месеци за Мијалков: Падна пресуда за „Плацеви на Водно“