За 50 евра месечно, односно од 663 на 713 евра се зголемува минималната плата во Грција, најави премиерот Киријакос Мицотакис.
Во комбинација со првичното зголемување во јануари, износот од 713 евра е еквивалентен на вкупно зголемување од 9,7% во однос на минималната плата од 2021 година.
-Просто кажано, речиси 650.000 вработени во оваа категорија ќе заработуваат повеќе од дополнителна нето плата по година. На нивните приходи отсега им се додава 15-та плата“, нагласи премиерот.
Пресметан е и порастот на вкупната плата во наредните години. Синдикатите пресметаа дека за две – три години брутото ќе достигне 855 евра од актуелните 795,6 евра. Сепак, данокот ќе се зголеми од 6 евра на 13,23 евра. Така, нетото ќе изнесува 721 евро, а нето зголемувањето 74,6 евра.