Мештаните од тетовско Јеловјане сметаат дека убиството на нивниот соселанец 36 годишниот Бекир Алили кој вчера беше погребан на селските гробишта е исценирано. Бараат полицијата да ги заштити а не да ги убиваа. Осомничениот за убиство 24 годишниот Енвер Т. заработи 30 дневен притвор. Мештаните од Јеловјане искажаа голем револт поради убиството на нивниот соселанец 36 годишниот Бекир Алили. Тие пред да биде погребан на селските гробишта, одржаа мирен протест и побараа полицијата да ги штити а не да ги убива. Велат дека МВР треба во иднина да внимава какви кадри вработува.
Како што информира Министерството за внатрешни работи битолчанецот Енвер Т. го контактирал 36 годишниот жител на село Јеловјане и му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф 5“, Двајцата контактирале преку пораки од социјалната мрежа „Facebook“ при што се договориле истиот ден околу 14.30 часот да се сретнат. Ваквата информација ја потврдија и од семејството на Алили.
Осомничениот за убиство 24 годишниот Енвер Т заработи 30 дневен притвор.
Зоран Димовски