Подготвувањето на велигденската трпеза може да биде вистинско задоволство.
Но, кога ќе завршите со вапсањето на јајцата, останува важното прашање, како да ја отстраните бојата што останала на вашите раце?
Очигледно решение е да ставите ракавици, но ако не го правите тоа, не грижете се, само нанесете еден од овие трикови.
Ставете малку оцет на вашата кожа и лесно истријте со четка, а можете да полиете и оцет на крпа или сунѓер и лесно истријте. Може и лимон – пресечете го на половина, исцедете го и полијте го со сол и втријте го обоениот дел од кожата одвнатре.
Што и да одлучите, кожата ќе ви се иритира, па затоа најдобро е потоа да нанесете крем на рацете.