Радев: Не Иван Михајлов, туку други луѓе убија десетици илјади затоа што решија да се нарекуваат Бугари, ова е вистински фашизам – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/22 12:32 PM

Радев: Не Иван Михајлов, туку други луѓе убија десетици илјади затоа што решија да се нарекуваат Бугари, ова е вистински фашизам

Ако зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван Михајлов е човекот кој одбил Хитлер да ја вовлече Македонија во братоубиствена војна со Бугарија, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

– Не Иван Михајлов, туку други луѓе, по воспоставувањето на југословенската диктатура во Македонија, убија и испратија десетици илјади во концентрационите логори, само затоа што решија да продолжат да се нарекуваат Бугари. Ова е вистински фашизам, смета Радев.

Како што јави дописникот на МИА, според Радев, време е антибугарската идеологија „која се врти“ во Република Северна Македонија и очигледно намерно ги труе билатералните односи и намерно го поткопува патот на земјата кон Европската Унија да остане во минатото.

– Обидот на политичарите во Република Северна Македонија да изградат идентитет врз основа на фалсификатите на Комунистичката интернационала, а не на историската вистина е спротивно на интересите на граѓаните на Република Северна Македонија кои навистина сакаат членство во ЕУ, рече во изјава за новинарите бугарскиот претседател Радев.