Британскиот премиер, Борис Џонсон изјави дека мировните преговори за Украина веројатно ќе пропаднат споредувајќи ги разговорите со рускиот претседател, Владимир Путин со преговори со крокодил. Џонсон истакна дека да имате работа со Путин е како со „крокодил кој ви ги држи нозете во вилиците“ и додаде дека е од клучно значење Западот да продолжи со наоружувањето на Украина. Премиерот го изјави ова на пат за Индија, каде ќе се обиде да го поттикне својот колега Нарендра Моди да ја прекине својата неутралност кон војната во Украина.
Индија, која е држава што најмногу купува руско оружје и увезува нафта од Русија, беше воздржана при гласањето во Обединетите нации кога беше осудена руската инвазија и не воведе санкции кон Москва.
„Многу е тешко е да се види како Украинците сега може да преговараат со Путин со оглед на неговиот очигледен недостиг на добра волја. Неговата стратегија, очигледно, е да се обиде да зграби што повеќе Украинци и можеби да добие позиција на моќ во некој вид преговори“, потенцира Џонсон во изјава за медиумите.
Тој додаде дека светските лидери вклучувајќи го и американскиот претседател, Џо Бајден се согласиле во разговорот оваа недела дека ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје, вклучително и артилерија, додека Русија ги интензивира своите напади врз источниот дел на Украина.
Последните преговори меѓу Русија и Украина лице в лице беа на 29-ти март, а атмосферата се влоши поради украинските обвинувања дека руските сили направила злосторства близу Киев. Москва ги отфрли таквите тврдења.
„Како може да преговарате со крокодил кога ногата ви е во неговите заби. Тоа е потешкотијата со која Украинците се соочуваат. Мораме да продолжиме со стратегијата, да продолжиме да ги снабдуваме со оружје“, додаде Џонсон.
Извор: ba.n1info.com