-Нема место за паника, има доволно резерви на масло за потребите на граѓаните, напиша на Фејсбук министерот Крешник Бектеши и објави слика до зејтин.
-Денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Лупчо Николовски ја посетивме фабриката за масло за јадење во Велес. Понудата на сончоглед е стабилна и нашата земја континуирано увезува сурово масло потребно за производство во локални капацитети, но има и масло за потрошувачка за граѓаните, напиша тој.