Од денеска во продажба влезниците за финалето во ЛШ – ММС
ММС

Објавено на: 04/20/22 8:13 PM

Од денеска во продажба влезниците за финалето во ЛШ

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека од денеска почнува продажбата на влезници за годинешното финале во Лигата на шампиони, чиј домаќин ќе биде Париз.

Од вкупниот капацитет на „Стад де Франс“ од 75.000 седишта, за навивачите се предвидени 52.000 влезници, од кои по 20.000 ќе добијат двата финалисти, додека преостанатите 12.000 ќе бидат понудени преку сајтот на УЕФА.

Навивачите ќе можат да аплицираат за билети преку официјалниот сајтот на УЕФА до 28 април во 14 часот, а влезниците чинат од 70 до 690 евра.

Во полуфиналето во Лигата на шампиони ќе играат Ливерпул и Виљареал, односно Манчестер сити и Реал Мадрид.

МИА

Фото: Анадолија