Кога се во прашање домашните миленици некои луѓе сакаат кученце, додека други се одлучуваат за многу невообичаени пријателчиња, како гуштер или тарантула. Сепак, постојат и избори кои се особено егзотични. Така на пример, педесет и едногодишната Мишел Рејбон е горда сопственичкана 50 глувци.
Во 2018-та таа прво имала неколку глувци, а денес чува дури 50. Откако во својот дом ги довела глувците Луси и Етел, како и Елвис и Чак кои биле без крзно, на Мишел толку многу ѝ се допаднало чувањето на вакви миленици, па продолжила со вдомување. Мишел стана популарна ланската година кога на Фејсбук објави видео на кое се гледа како ги бања глувците во мијалникот, а видеото стана вирално.
„Тие се мои бебиња, не можат да направат ништо погрешно“, изјави таа.
„Секој од нив си има свој карактер, така што неколку глувци се истакнуваат повеќе од другите. Кога ќе им извадиш храна веднаш дотрчуваат. Имам многу бидејќи ги одгледував и ги продавав на луѓе кои сакаат глувци. Потоа престанав со продавање и сега ми се домашни миленици, затоа имам толку. Имам многу“ – додаде Мишел.
Кога ќе ѝ дојдат гости вели дека често се шокирани поради големиот број глувци, но Мишел тврди дека нејзините бебиња знаат да придобијат внимание.
-Некои луѓе се отворени за идејата како миленик да се чува глушец, но други не толку. Некои луѓе имаат предрасуди за глувците, мислат дека се гадни животни. Сите мои глувци се со добри особини – истакнува таа.
-Некогаш спасував мачки, се грижев за нив и им пронаоѓав постојан вдомува – раскажува Мишел.
Извор: espreso.co.rs