Жените полудеа по фустанот на Џенифер Лопез што го облече за Велигден – ММС
ММС

Објавено на: 04/20/22 8:00 PM

Жените полудеа по фустанот на Џенифер Лопез што го облече за Велигден

Се знае дека она што ќе го облече Џенифер Лопез сите жени сакаат да го имаат восвојот гардеробер.

Но, не секој може да ја износи таа облека како неа, а и да и стои така. Едноставно  таа може да носи се! Сите модни комбинации и стојат фантастично.

Носи облека што е „некаде помеѓу“ – не баш за црвениот тепих, но не е ниту тотално „лежерен“ стил. Изгледа дека често е дотерана само за излегување, што не е чудно со оглед на тоа што не се разделува со Бен Афлек.

Таа на Инстаграм закаќи прекрасниот пролетен фустан, во кој се појави за Велигден – прекрасна беж креација која навистина го одзема здивот.
Станува збор за модел со должина до глуждовите, долги ракави и затворено кружно деколте, каде што е украсен со мала бела чипка.

Нежно нагласениот висок струк дополнително ја издолжува фигурата. Сепак, најубави од сите се цветните елементи вметнати на „пуф“ ракавите и на долниот дел од предниот дел – прекрасен потсетник за најмодерниот дезен на претстојната сезона.