Велигденскиот подарок за Македонците каде и да се, напиша Ванчо Шехтански на својот Фејсбук профил, за достигнувањето на ТМРО во општина Лозово.
-Сакам да ве известам дека денес успеавме и ова е за прв пат во Македонија ,Македонскиот национален симбол да биде официјален во една општина. Се надевам дека предлогот на ТМРО ќе биде прифатен и во други општини, напиша Ванчо.
Денес со седум гласа „за“ и два против советниците на Општина Лозово гласаа за тоа 16-кракото жолто сонце, во кое се додадени десет сини цвета во внатрешниот дел на црвена подлога да биде официјално знаме на општината.
Предлогот беше поднесен од Зоран Иванов, советник на општината од ТМРО.
За прифаќање на овој оредлог беа сплотени советниците и од СДСМ и од ВМРО. Што значи дека за предлогот гласаа тројца советници на ВМРО-ДПМНЕ, тројца на СДСМ и советникот Иванов.
-Против беа советниците ЛДП-ДОМ и независниот, велат од ТМРО.
Но, пред еден час на Фејсбук се огласи претседателот на ОО СДСМ, Ацо.
-Советот на општина Лозово на вчерашната седница донесе заклучок , а (не одлука ) по предлогот на советникот од ТМРО , кој побарал да се смени сегашното општинско знаме кое е заштитено со Статутот на општина Лозово со партиско знаме , заклучок со кој градоначалникот на општина Лозово ќе наложи на општинските стручни служби да проверат законски дали е возможно партиско знаме да се вее на јарболот на општина Лозово спротивно на Уставот на Р.С.Македонија. Значи евтиниот партиски популизам на опозициските партии кои пробуваат да си дадат значење во нашето општество не поминува , треба да ги познаваат Уставот и законите во нашата држава и да престанат да пласираат лажни вести. Во Република Северна Македонија и во сите општини во државата ќе се вее Македонското знаме и знамето на секоја општина впишано и со закон и одлука донесено во секој Статут на секоја општината , а во согласност со Уставот на РСМ , а партиските знамиња ќе се веат пред партиските штабови и објекти. Не треба да се занимаваме со евтини дневни политики , дајте веќе еднаш да гледаме , дискутираме и да соработуваме заедно на подолгорочни политики кои се корисни и за државата и за локалните самоуправи, напиша тој.