Пожарникари, полицајци, војници, хирурзи… Машки професии погубни за бракот според адвокатите за развод – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/23 7:00 PM

Пожарникари, полицајци, војници, хирурзи… Машки професии погубни за бракот според адвокатите за развод

Очигледно, постојат професии кај мажите кои жените треба да ги избегнуваат за да спречат развод во иднина.

Сите бракови се различни и нема два брака потполно исти, но одредени професии создаваат брачни проблеми почесто од другите.

Адвокатка за развод со 35.000 следбеници на TikTok објави видео во кое зборува за времето кога сè уште била на правен факултет, а нејзината колешка сподели интересен став за браковите со мажи од одредена професија. Според нивното искуство, професиите што треба да се избегнуваат се: пожарникари, полицајци, војници, хирурзи и пилоти.

„ Кога првпат почнав да се занимавам со семејно право пред 13 години, адвокатка ми даде статистика за пет машки професии кои жените треба да ги избегнуваат со своите партнери доколку планираат да се венчаат – изјави таа на својот Тик Ток.

@jettiegirl28 local divorce attorney PSA #divorce #narcissist #EasyWithAdobeExpress #fypage ♬ original sound – KK


Отпрвин мислела дека тоа е чудна статистика, но во текот на кариерата повторно наишла на оваа тема.

-„Во текот на мојата кариера ги набљудував најтешките случаи и шокантно, многу од нив вклучуваа мажи од овие пет професии,“ продолжува таа.

Статистиката може да ви каже колкав процент од браковите пропаѓаат, сепак, тоа не значи дека вашиот е осуден на пропаст. Но, треба да се има на ум дека има работи кои се вообичаени. Водени од линијата на генерализација, мажите во овие кариери се понарцисоидни и имаат тенденција да  контролираат.

„Ако ги погледнете овие професии, што имаат заедничко? Тие ги прават овие луѓе „богови“ во нивната професија“.

Важноста на овие професии и моќта што тие ја носат обично ги прават мажите попроблематични, вели таа, а судејќи според коментарите на нејзиното видео, многу жени доживеале слични ситуации со шеги на сметка на нивните сегашни сопрузи.

„ Мојот сопруг е пилот во војска. Двојно убиство“ – беше еден од топ коментарите.

Сепак, имајте на ум дека ова се само статистика и дека не секој маж што ќе го сретнете во една од овие пет професии ќе биде нарцисоиден или склон кон желба за контрола, но вреди да се забележи, знаете, ако наидете на слични примери во Вашиот живот.

Извор-avaz.ba