Актерот Драган Спасов-Дац се ожени по втор пат за истата жена, кој вчера на роденденот го запроси, а потоа и „официјално“ со матичар по втор пат склопија брак.
Среќните вести ги објавија Александар и Дац на нивната страна на Фејсбук.
-Синоќа во “Трибека” почна со роденден на Дац, а заврши со венчавка… Еве како изгледаше големото изненадување кое му го приредија пријателите. Благодарност и до нашиот драг другар матичар Роки. Нека им е со среќа на Дац и Весна.
-Синоќа во очи мојот роденден, мојата Весна заедно со пријателите ми приреди несекојдневно изненадување. Во најголема тајност и без ништо да се посомневам, организирале матичар, и синоќа званично стапивме во брак. Фала на сите, посебно на мојата лавица. Весна, те сакам бескрајно, напиша тој.
Дац и Весна се долги години во брак и имаат два сина.
https://www.facebook.com/watch/?v=359523765973827